Илија Абутовиќ на лето ќе замине од екипата на Рајн Некар Ловен и ќе му се приклучи на српскиот селектор Тони Херона во Франција.
Илија Абутовиќ (33), српскиот дефанзивец кој со Вардар во 2017 година стана европски шампион, на лето заминува од екипата на РНЛ каде ќе мине точно четири години.
Неговата следна дестинација е Шарт, француска екипа на чие кормило е селекторот на репрезентацијата на Србија, Тони Херона.
Шпанскиот стратег веќе го доведе во овој тим српскиот интернационалец Алекса Колаковиќ, а сега носи уште еден репрезентативец. Абутовиќ во Шарт треба да остане три години.