Денеска е ден за полуфинале, Начевски и Николов на терен

Данска со еден потег загуби многу симпатии во ракометната јавност ширум Европа.Тоа што им го направија на Исланд им донесе армија на навивачи што сакаат Данска да загуби и тоа по можност од Франција во финалето. 



Светскиот, олимпискиот и европскиот шампион плус Шведска се четирите екипи што ќе се борат за медал на тековното Европско првенство.
Вечерва од 18:00 часот први на терен се Данците и Шпанците. Данска загуби многу од популарноста по мечот со Франција, но сигурно тоа нема да влијае на Николај Јакобсен, Микел Хансен и друштвото вечерва да одиграат на друго ниво против Шпанија. 
Овој натпревар ќе го суди македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. 

Франција и Шведска, две екипи што на „мускули“ со пресврти, со среќа дотуркаа до полуфиналето ќе играат од 20:30 часот. Се уште не се стигнати резултатите од тестовите, па не знаеме со кои играчи ќе настапат екипите денеска. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk