Полуфинале за Начевски и Николов

Македонската судиска двојка ќе ја дели правдата на дуелот меѓу европскиот и светскиот шампион, на меч од полуфиналето на Европското првенство 2022.



Имајќи предвид дека на минатото Европско првенство го судеа финалето, годинава македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов најмногу што можеа да добијат е полуфинале и меч со големо значење. Средбата Данска - Шпанија, натпревар меѓу светскиот и европскиот првак во полуфиналето ќе има македонска арбитража. Веројатно ова е максимумот, што покажува дека нашиот пар останал на највисоко ниво. 
Би рекле дека ова е полуфиналното дерби, односно натпреваот што ќе привлече поголемо внимание отколку средбата меѓу Франција и Шведска, вториот полуфинален пар. 



ЕХФ ги одреди и судиите за финалето, тоа ќе бидат Германците Тобијас Тонис и Роберт Шулц, а средбата за бронзен медал ќе ја судат Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk