Исланд ќе ја тргне данската круна од парламентот?

Кралската круна што стои на врвот на исландскиот парламент, амблемот на данскиот крал Кристијан IX, првиот крал што го посетил Исланд, би можела да биде отстранета по синоќешниот пораз на Данска од Франција на ракометното ЕП во Будимпешта. 



Исландскиот политичар Бјорн Леви Гунарсон поолго време има(л) амбиција и желба да се отстрани кралската круна од исландскиот парламент и да биде заменета со нешто автентично, исландско. Дојдоа неговите пет минути. Сега има подготвено и доставено резулоција, а голем број на нервозни Исланѓани му даваат поддршка по вчерашниот пораз на Данска на ЕП во Будимпешта. 

Исланд чекаше, очекуваше победа на Данска над Франција со што тие ќе се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. 
Селекторот на Данска, пак, реши за овој дуел на трибини да ги остави двајцата најдобри играчи, Микел Хансен и Матијас Гидсел, плус пикерот Сагуструп и голманот Грин. 
И со втората постава Данска доминираше 50-тина минути, но потоа Франција направи пресврт, победи и го исфрли Исланд од трка за полуфинале. 
Фрустрација плус за Исланѓаните е што тие играа навистина добро на ова првенство, но имаа пех поради ковид да им бидат изолирани неколку клучни ракометари меѓу кои и Палмарсон, Елисон, Густафсон... што ги доведе до пораз од Хрватска, по што станаа зависни од Данска. 
Во меѓувреме Ковид позитивните се вратија во игра и Исланд реално имаше шанса за медал на овој шампионат доколку стигнеше до полуфиналето. 
Но, Данска беше поразена, Исланѓаните се сега нервозни и исфрустрирани, а на крајот жртва може да стане данската круна што го краси исландскиот парламент. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk