Данска загуби и го расплака Исланд

ДАНСКА - ФРАНЦИЈА  29-30 (17-12)
Киркелоке 10, Холм 9 - Деска 8, Мем 8



Да не си Исланѓанец, излезе на крајот на ова чудно и на раб на регуларност првенство. Исланд чекаше победа на Данска над Франција за пласман во полуфиналето на ЕП. Но, користејќи ги новите Ковид правила, селекторот на Данска реши да ги одмори Микел Хансен, Матијас Гидсел, Магнус Сагуструп и Јаник Грин. 
Излезе на терен со резервната постава на дуел со Франција, олимпискиот шампион. 

И почна да меле Данска. Поведе 5-1, погодуваше од каде сака, нивниот систем функционираше бескпрекорно. Јакоб Холм и Никлас Киркелоке под водство на Расмус Лауге беа незадржливи. 
На полувреме бепе 17-12, Франција имаше само 1 единствена голманска одбрана, а и во вториот дел Данска диктираше ритам... се до еден момент, кога се разбуди прво Дика Мем, потоа Мелвин Ричардсон, а на крај и Никола Карабатиќ. Иако имаше важни одбрани, четири-пет интервенции на Жерар не би го нарекле будење. 

Не ја препозна на време опасноста Јакобсен, неговите играчи физички инфериорни од дуелите со француските ѕверови полека ја губеа силата. Доцна му даде шанса на Менсинг кој незагреан шутираше над голот во клучен момент, па брзо го врати назад Холм во игра, но Франција беше во налет, ја анулираше негативата и на крајот иако им требаше реми, стигнаа и до минимална победа. 

Исланд, има полно право да се лути и на Данска и на Јакобсен и на ЕХФ, заслужија и тие полуфинале, но ќе им следи утешната игра за петто место кое носи директен пласман на следното СП.

Во полуфиналето ќе играат
Данска - Шпанија
Франција - Шведска
За петто место
Исланд - Норвешка

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk