ТОЛКУ ЛИ БЕШЕ? Се испокарале Црногорците

Црна Гора блесна на тековното ЕП, во стил би рекле на репрезентацијата на Македонија. Досега. Ова ЕП беше нивно, заслужено. Но, како обично бива, некогаш е потешко да се носиш со „успех“ отколку со неуспех. 



Селекторот Зоран Рогановиќ и директорот Драшко Мрваљевиќ се скарале и дека веќе не разговараат, а информацијата потекнува од ТВ преносот на РТЦГ. Веднаш по натпреварот со Исланд што се играше денеска, а Црна Гора убедливо го загуби. 

„Немам коментар на тоа и не би зборувал за тоа што се коментира на ТВ“, нити потврдил нити пак демантирал селекторот Зоран Рогановиќ по натпреварот, на новинарско прашање. 

Во потрага по потврда на оваа информација, новинарите од Црна Гора забележеле и дека прв пат Рогановиќ и Мрваљевиќ не биле гушнати и не ја пееле химната заедно пред почетокот на натпреварот. 

Драшко Мрваљевиќ, поранешен ракометар сега директор, ја водеше Црна Гора на првите два натпревари, поразот од Данска и победата над Македонија. И на двете средби заврши одлична работа. Потоа презеде Рогановиќ кој излезе од изолација и се приклучи во Дебрецен и тој си запиша победи над Словенија и Хрватска. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk