Хансен ги брка Лазаров и Сагосен

Со 45 постигнати гола од пет натпревари, Холанѓанецот Каи Смитс беше најсериозниот кандидат за Топ стрелец на првенството. Но, тој е во карантин, а сега најсериозен кандидат за таа престижна титула е Микел Хансен. 



Сандер Сагосен со 65 постигнати гола е рекордер по број на погодоци на едно првенство. Зад него е бившиот рекордер Кирил Лазаров со 61 погодок. 
Годинава Каи Смитс од Холандија на пет натпревари постигна 45 гола и со тој просек беше реална опасност да стане нов рекордер, но тој е во изолација и го пропушти дуелот со Данска, а Холандија на првенството ќе одигра само уште еден меч. 
Втор стрелец во моментов е Аркадиуш Морито од Полска со 40 гола, но и Полска има само уште еден натпревар за играње. 

Трет, со 39 погодоци е Микел Хансен. Тој е можеби ќе биде прв стрелец на турнирот, но конкуренција е опасна, а само со гол помалку се Бартолд од Норвешка, Магнусон од Исланд, Бранко Вујовиќ од Црна Гора и Хампус Ване од Шведска. 

Само еден максимум двајца од овие ракометари ќе одиграат уште три меча, исто како и Микел Хансен. Црногорецот Вујовиќ ќе одигра само уште еден, другите тројца во зависност од тоа која репрезентација ќе се пласира во полуфиналето. Норвешка или Шведска односно Исланд или Франција. 

Разликата до најдобрите двајца е голема, 22 гола во моментов е Хансен зад Лазаров односно 26 за Сагосен. Но, Хансен како и Ване се и пеналџии во своите тимови, па лесно може барем пола од разликата да ја надополнат од седум метри. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk