Еурофарм Пелистер во комбиниран состав со играчи од првиот и вториот тим, одигра контролен натпревар во Словенија и славеше победа над Целје Пивоварна Лашко.
Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер 30-32 (15-15)
Спортска сала „Златорог Арена“ - Целје. Дејан Цветник и Урош Тврншек (Словенија)
Целје Пивоварна Лашко: Бојиќ, Качижњик, Терзиќ, Mазеј 4, Корже Лезјак 1, Разгор, Цокан 7, Иванковиќ 4, Кодрин 1, Жабиќ 1, Mлакар 2, Влах 9, Сухолежник 1, Габершек
Седмерци: 7/5 Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер: Кизиќ 1, Ивановски, Ојлески, Кукуловски 3, Павле Атанасијевиќ, Кузманоски, Танкоски, Периќ 9, Костески 3, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 3, Обрадовиќ 4, Табоада 6, Арсеновски 1
Седмерци: 4/3 Исклучувања: 4 минути
Е. Пелистер во комбиниран состав го одигра својот прв контролен натпревар во рамки на подготовките што клубот ги извршува во Хрватска.
Битолчани го совладаа тимот на Целје Пивоварна Лашко, исто така комбиниран состав, а денеска и утре ќе одиграат уште два контролни натпревари.
Вниманието е насочено кон утрешниот меч на кој противник на битолчани ќе биде ППД Загреб.
Јосип Периќ со девет гола го предводеше Пелистер кон оваа победа, а Табоада постигна шест погодоци.