Франција и Данска убедливи пред мега пресметката

ДАНСКА - ХОЛАНДИЈА  35-23 (21-12)
ФРАНЦИЈА - ЦРНА ГОРА  36-27 (16-12)



Франција носена на крилјата на шансата за полуфинале што им ја отвори Хрватска со победата над Исланд, вечерва убедливо ја совлада Црна Гора и сега ќе брка бод од полуфиналистот Данска за пласман во битката за медал. 
Црна Гора не успеа да стигне до меч за полуфинале, но иако загуби убедливо, ова е еден од оние натпревари во кои поразениот и со „10 гола“ никој не може да му замери. Со други зборови, „јуначки“ изгинаа, особено во првиот дел. 

Небојша Симиќ вообичаено на стартот на мечот брилјираше, Црногорците летаа низ теренот, а во одредени моменти Франција покажуваше знаци на немоќ, слично како и против Исланд, иако сега ја имаше резултатската контрола. 
Потоа следеше црвен картон за Васко Шеваљевиќ поради удар директно во лицето на Никола Карабатиќ, но некоја минута подоцна се израмнија силите откако Милош Вујовиќ во одглуми во контра напад при обидот на Винсен Жерар да пресече надвор од голманскиот простор. Иако видливо беше дека Црногорецот глуми, Жерар имаше мал контакт, а правилата се правила и тој си доби директен црвен картон. 
Но, излегувањето на Жерар во игра го внесе Весли Пардан, а тој подоцна се покажа како еден од клучните ликови за победата на Французите. 

Црна Гора играше одлично се до финишот на полувремето. Имаше свои моменти Бранко Вујовиќ, видовме како Радојице Чепиќ краде топка од рацете на Никола Карабатиќ, имаше неколку убави моменти на двете страни, а на крајот пресуди објективно повиоскиот квалитет на Французите кои на полувреме стигнаа до плус четири. 

Во вториот дел, Французите комплетно доминираа. Црна Гора играше, се бореше, но разликата отиде над седум гола разлика и немаа што повеќе да покажат на овој дуел. 

Претходно, на натпреварот меѓу Данска и Холандија што (одлично) го судеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, победи светскиот првак. 
Холандија без девет инфицирани и меѓу кои и Каи Смитс најдобриот стрелец на ЕП (засега) и плус со Лук Стеинс на клупа, не беше сериозен противник за Данска. 

Во следното коло, прв пат по олимпиското финале во Токио ќе се сретнат Франција и Данска. Данците се пласирани во полуфинале, на Французите им треба каква било победа. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk