ХРВАТСКА - ИСЛАНД 23-22 (10-12)
Лучин 6, Циндриќ 5, Мартиновиќ 5 - Торкелсон 6, Сигвалди 5, Магнусон 5
Хрватска го совлада десеткуваното изненадување на првеснтвото - Исланд и ја врати во игра за полуфинале селекцијата на Франција.
Ако Хрватите денеска загубеа, на Франција (најверојатно) ќе и беше потребна победа од шест гола разлика над Данска за влез во полуфинале. Вака и со реми против Данска, Французите би играле полуфинале, а Исланд мора во последното коло да ја совлада Црна Гора.
За Хрватска, оваа победа нема којзнае колкаво резултатско значење, но во нивната јавност се води војна меѓу селекторот и одбрана група критичари, па ова победа е важна за селекторот Хрвоје Хорват и неговата лична битка со локалната група душегрижници.
Мечот беше убавица за гледање, со големи пресврти по кои Хрватската се враќаше од минус пет (5-10), за во второто полувреме во еден момент да експлодираат и да поведат со плус пет. Потоа следеше враќање на Исланд во игра, но евидентно беше дека оваа екипа во која недостасуваат седум играчи меѓу кои и нивните врвни Арон Палмарсон и Бјарки Елисон.
На крајот резултатската нишалка заврши со погодоок на Анте Гаџа. Бекот на Вардар беше стрелец на голот за 23-22 за победа на Хрватска.