Германија, верувале или не, без 14 играчи против Русија

Ракометот како спорт што прв од екипните се јавува на ТВ каналите во јануари, дали преку Светско дали преку Европско првенство, годинава ќе им биде ѕвезда водилка на сите други спортови за тоа како не треба да се организира Европско првенство. 



Главна и секојдневна тема на ракометните новинари за време на тековното првенство е пребројувањето на Ковид позитивните. Кој може, кој не може, каде-колку позитивни итн. 
Најновите двајца на списокот се Патрик Винцек и Симон Ернст со што бројката на позитивни во тимот на Германија на ова ЕП се искачи на 14. 

Германија на ЕП тргна со 17, заврши со 28 играчи и одамна крена раце од ова ЕХФ Еуро. Им останува само уште еден меч, со Русија во последното коло, но немаат намера да повикуваат нови играчи за замена и да ги изложат и нив на опасност да се заразат. 
Останува да го доиграат првенството како што решија пред неколку дена кога опција беше и да го прекинат и што побрзо да се спакуваат од Братислава и да се вратат назад. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk