Норвешка прекина 24 годишен пост

НОРВЕШКА - ШПАНИЈА   27-23 (14-11)
Македа 6, Гомез 5 - Бартолд 6, Гилеруд 4, Сагосен 4, Тофт 4, Рајнкајнд 4



Норвешка ја совлада Шпанија (27-24) и за пласман во полуфиналето ќе игра директен дуел со Шведска во последното коло. Шпанија, пак, за пласман во полуфиналето мора да ја совлада Полска. Во спотивно, може д остане без борба за медал.

За Норвешка ова беше прва победа над Шпанија по пауза од повеќе од 24 години! За Шпанија, пак, ова беше прв пораз по серија од 17 победи по ред на Европските првенства. 
Неславната традиција на Норвешка и рекордот на Шпанија завршија вечерва во Братислава, на натпревар кој на моменти беше супер-интересен за гледање, на моменти двата тима играа непрепознатливо слабо и имаа долги периоди без потигнат гол. 
 
Голманите и тоа резерврните беа во главна улога, а Жорди Рибера може да жали што порано не му даде шанса на Родриго Коралес. 
На спротивната страна и Кристијан Берге се коцкаше со целото свое реноме затоа што повеќе од 20 минути го држеше на клупа Сандер Сагосен. 

Резултатски Норвешка од прв момент го контролираше резултатот и водеше главно со 2-3 гола разлика. Во финишот успеаја да прекраш и да поведат со пет гола и потоа ја задржаа предноста до конечната победа. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk