Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во следното коло, утре, ќе го судат натпреварот меѓу Данска и Холандија.
Најдобрата македонска судиска двојка, а барем во последните две години и најдобра судиска двојка во светот, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, утре ќе го имаат својот настап број четири на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Откако судеа на изненадувањето Исланд кој без осум играчи ја декласираше Франција, утре ќе судат на уште едно изненадување на првенството, Холандија. Тие, пак, без девет играчи ќе се обидат да ја изненадат Данска.
Дали Холандија ќе изненади уште еднаш, не знаеме, но знаеме дека овие два тима ќе имаат многу подобро судење отколку што денеска имаа Полска и Русија.