Полска и Русија одиграа одличен натпревар кој имаше ретко видено драматична завршница. Средбата заврши без победник, а главна улога се сестрите судии Бонавентура од Франција.
Полска и Русија одиграа меч за паметење во кој во финишот на натпреварот беа постигнати два гола за помалку од пет секунди.
Прво Полска преку Дашек погоди за водство од 29-28, а по прекинот на семафорот беа вратени три секунди до крајот. Младата руска надеж Сергеј Марк Косоротов постигна гол од над 15 метри, но притоа направи четири чекори.
Голот сеедно беше признат.
Средбата ја судеа сестрите Бонавентура, судии што се дефиниција за погрешни одлуки во клучни моменти и само уште нивното хаотично судење му фалеше на и така хаотичното првенство.
Тие го признаа нерегуларниот гол на Русија, мечот заврши нерешено 29-29.
Кога сме кај судењето, да потсетиме дека Начевски и Николов вчера судеа докторски на средбата Исланд - Франција.
На вториот меч вечерва, Шведска ја совлада Германија 25-21 (12-10) и обезбеди меч за влез во полуфинале со Норвешка во последното коло.