Сандер Сагосен, може мирно да спие. Неговиот рекорд од 65 постигнати гола на едно ЕП, нема да биде срушен на ова Европско првенство.
Рекордот на Сагосен ќе опстане, а Холандија доби силен ковид удар во пресрет на натпреварот со Данска од четвртото коло.
Најдобриот стрелец на првенството досега, Каи Смитс е позитивен на Ковид исто како и двајца други ракометари на Холандија и еден член на стручниот тим.
Каи Смитс, досега постигна 45 гола и беше блиску да стана и најдобриот стрелец во историја на едно ЕП, затоа што Холандија до крајот можеби ќе игра(ше) три натпревари, а нему му беа потребни 21 гол. Со оглед на тоа дека го шутира и пеналите за Холандија, а на нивните средби вообичаено има барем 3-4 седмерци, Смитс имаше реална шанса да стане најдобриот стрелец.
Во моментов тој со 45 гола е на првото место, а зад него со 34 е Аркадиуш Морито од Полска и тојби можел да биде најдобриот стрелец на ова ЕП.
Холандија има вкупно девет позитивни играчи, плус селекторот и уште двајца од тренерскиот тим.