Жељко Бабиќ одведе комбиниран тим на подоготовки во Хрватска. Битолскиот состав го сочинуваат ракометарите од двата клуба. Е. Пелистер и Е. Пелистер 2, а добар дел останаа дома поради повреди.
Е. Пелистер утре ќе го одигра првиот контролен натпревар во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Противник на битолскиот тим ќе биде екипата на Целје Пивоварна Лашко.
Во рамки на подготовките што ќе се одвиваат во Хрватска, ќе одигра уште два меча, со Сесвете и ППД Загреб.
Повикани ракометари:
Мартон Секељи, Марко Кизиќ, Филип Ивановски, Цветан Кузманоски *, Гоце Ојлески, Реиние Табоада, Немања Обрадовиќ. Дејан Кукуловски, Јосип Периќ, Марио Танковски, Павле Атанасијевиќ *, Мартин Велковски, Ненад Костески, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан, Филип Арсеновски *, Милорад Кукоски
* Повикани ракометари од Еурофарм Пелистер 2:
Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ, Филип Арсеновски
Отсутни ракометари:
Стипе Мандалиниќ, Мирко Радовиќ, Никола Маркоски, Бојан Маџовски (заради повреда ќе останат да работат во Битола), Матео Мараш (учесник на Европско првенство)
Контролни натпревари на Еурофарм Пелистер:
24 јануари: Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер
26 јануари: Сесвете – Еурофарм Пелистер
28 јануари: ППД Загреб – Еурофарм Пелистер