Ќe завери ли Шпанија полуфинале?

Шпанија, Шведска и Норвешка се трите најголеми кандидати за пласман во полуфиналето од групата што се игра во Братислава. 
Денеска се играат можеби клучните натпревари доколу фаворитите победат.



Шпанија со оглед на тоа дека има промени во тимот од транцизиски, а не од Ковид период можеби и „не требаше“ да биде меѓу најсериозните конкуренти за полуфинале, но Ковид ситуацијата и слабиот старт на Шведска и Норвешка ја смени комплетната слика. 

Шпанија е една од држави што негува систем и кај нив транзицијата полсено минува, но допрва ќе видиме како вистински изгледаат, кога на терен ќе имаат противник од самиот врв. 
Со Русија не се прославија, но го задржаа победничкиот низ што е рекорден и изнесува 17 победи по ред на ЕП. Тоа е одлика на големите, да победат и кога не играат добро, но денеска е Норвешка на ред. 
Сагосен и друштвото се разбудија по слабиот старт и поразот од Русија што може да им одигра клучна улога за пласман во полуфинале. 

Денеска од 20:30, ако победи Шпанија веќе е во полуфинале, а ако победи Норвешка ќе има компликации. 

Германија, пак, колку и да е ракометно моќна, не можеше да ја победи Ковид кризата и лесно беше поразена прво од Норвешка, потоа и од Шпанија.Колку сила остана во десеткуваниот тим за да се спротивстави на светскиот вице-првак ќе видиме денеска, од 18:00 часот. 

„Предигра“ на овие два меча ќе биде дуелот на Полска и Русија, две земји со голем ривалитет на секое поле. Русија игра одличен турнир, иако запиша два пораза, но Полска која имаше Кови-хендикеп има свои адути и ќе го почне денот во Братислава, веруваме со неизвесен меч. 

ДЕНЕСКА
15:30   Полска - Русија
18:00   Шведска - Германија
20:30   Норвешка - Шпанија

Табела: 1 Шпанија (3-3-0-0), 2. Норвешка (3-2-0-1). 3. Шведска (3-2-0-1), 4. Германија (3-1-0-2), 5. Русија (3-1-0-2). 6. Полска (3-0-0-3)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk