Хрватска ја измачи и истепа Данска, но загуби

ХРВАТСКА - ДАНСКА   25-27 (11-12)



Хрватска одигра сосема поинаков натпревар од тој од пред два дена со Црна Гора, иако противникот им беше веројатно најсилниот тим во моментов во светот - Данска. 
Борбени и агресивни, на граница на фанатични и на граница, често и преку неа груби Хрватите успеаја да ја извадат од ритам Данска. Или подобро кажано не и дозволија да воспостави ритам.

Во нападот беа сосема солидни Хрватите и многу успешно особено преку линиските напаѓачи го погодуваа голот на Ландин. 
Данска поведе 8-4, но се врати Хрватска во игра и иако постојано беше во негатива, во суштина посојано беше блиску до противникот и со шанса во еден момент и да направи пресврт. 

Но, Микел Ханен не дозволи изненадување, Данска остана фокусирана и покрај премногу лабавата граница поставена од шпанските арбитри во поглед на жестокоста, а Хансен погодуваше секогаш кога ќе се појавеше потенцијално кризен момент. 
Гидсел и Лауге си ги одработија своите задачи и иако би рекле дека Данска прв пат виде вистинска мака, резултатска неизвесност немаше. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk