Сензација: „Б“ Исланд ја збриша Франција

ИСЛАНД - ФРАНЦИЈА  29-21 (17-10)
Мин 5, Декска 5, Турна 5 - Магнусон 10, Кристијансон 9, Видарсон 4



Исланд е сензацијата на првенството во Унгарија и Словачка. Откако ја елиминираа Унгарија од главната рунда, сега ја збришаа и Франција и практично ја елиминираа од трката за полуфинале!
Останува Исланд и вечерва Данска да ја совладаат десеткуваната Хрватска, Данска и Франција да слават против Холандија и Црна Гора, а потоа се среќаваат Франција и Данска на меч на кој Франција ќе треба со 6 разлика да ја совлада Данска за да стигне до полуфинале. 

Тоа што денешниот меч меѓу Исланд и Франција го направи сензационален не е само убедливата разлика од осум гола, туку фактот дека Исланд на овој меч играше со својата Б екипа, затоа што има осум позитивни играчи, а речиси сите тие се од делот на играчи со голема минутажа. 

Но, Исланд потсетува дека кога се има систем на играње, а нивниот е креиран од мали нозе и со години го усовршуваат врвни тренери, во случајот Гудмундур Гудмундсон и промена на играчи не е значи дека ќе има голем пад. Слично како во Шведска лани на СП Египет... 
Исланд  со својот „Б“ тим, кој за волја на вистината е составен од играчи што играат во Германија и Франција, предводен од четвртиот најдобриот стрелец во Бундес лигата, Омар Инги Магнусон (вечерва 10 гола) и Виго Кристијансон довчерашниот соиграч на Миркуловски во Вецлар, а сега на Пешевски во Штутгарт (вечерва 9 гола), плус крилото на Келце, Сигвалди Гудјонсон ја посрамоти Франција за „сите“ пари. 
Особено одбраната на Исланд на чие чело беше Виктор Халмгримсон, 21 годишен голман на ГОГ кого го гледавме и во Битола во ЛЕ и во Скопје на јуниорското СП. Тој денеска ја одигра партијата на кариерата и со 15 одбрани ги посрамоти големите ѕвезди. 

Франција, со многу помалку проблеми, но без селекторот Гијом Жил и централниот бек Кентан Мае го одигра овој меч. Дали потценија, што ли им стана,  но се што ќе се обидеа да направат беше осудено на пропаст. Оваа Франција беше слична на таа што играше со Србија во квалификациите, а не со таа што до вечерва играше на ЕП.
Фанатичната борбеност на исландските ракометари ја доби заслужената награда. Имаат уште предизвици пред нив, но пласман во 1/2 финале сега воопшто не е невозможно, напротив, сега Франција е два чекора подалеку од битката за медал.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk