Холандија ги запре Црногорците

ХОЛАНДИЈА - ЦРНА ГОРА   34-30 (18-16)




Двете најпријатни изненадувања на првенството, Црна Гора и Холандија во рамки на групата во која јасни фаворити за пласман во 1/2 финале се Франција и Данска, денеска се сретнаа на директен дуел, за што подобар пласман. 

Победи Холандија (34-30) на интересен натпревар на кој своја шанса имаа и Црногорците, но денеска не им беше денот. 

Средбата почна со доминација на голманот Небојша Симиќ што доведе до водство од 10-6 на Црногорците. Но, кога заврши серијата од шест одбрани на Симиќ, се сменија работите. Холандија почна да ја користи својата брзина и Црна Гора гледјќи отпосле, непотребно го прифаќаше нивниот ритам на моменти и до крајот на полувремето, бројките се свртеа во полза на Холанѓаните. 

Имаа свои минути во вториот дел Црнгороците, но би рекле дека одлуката при играч помалку да се игра без голман, еднаш во првиот и еднаш во вториот дел ги пресекоа. Пет гола примија на празна мрежа Црногорците денеска, а тоа беше премногу за ваков израмнет меч. Имаше за волја на вистината и понекоја спорна судиска одлука, иако и на двете страни имаше вакви моменти. 
Во финишот и предлабоката одбрана на Црна Гора не се покажа како добро решение затоа што супербрзиот Лук Стеинс можеше да се движи како сака, имаше премногу простор за него и Холандија во клучните моменти лесно постигнуваше голови. Настрана што и нивниот голман се прослави и конечно имаше и подобра статистика од Небојша Симиќ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk