Дебитираше за Данска пред само осум месеци. Оттогаш е МВП на СП, ол стар на СП; златен од СП, сребрен од ОИ и втор стрелец во тимот, пред него е само - Микел Хансен. Се појави од „никаде“. Но, како и секое изненадување што се случило преку ноќ, зад него стојат години макотрпна работа.
Фала му на бога што е Данец“, вели данскиот ракометен аналитичар, поранешен репрезентативец Ларс Расмусен. Можете да ставите пред него Црногорец од 120 килограми и тој ќе му се протне кроз нозе, може да ставите било кои двајца дефанзивци и тој ќе им се излизга од раце, ќе се изврти некако и ќе најде дупка меѓу нив да помине. Ова е светска вонсериска класа, можеме само да уживаме и да се радуваме што е наш играч“.
Се работи, веќе можевте да погодите за Матијас Гидсел, 22 годишната сензација од Данска. Играч кој минатата година заедно со (внимавајте) Емил Јакобсен и Николај Лесо излегоа од „репрезентацијата во развој“ и се приклучија кон првиот тим.
Гидсел на тековново првенство има 21 гол од 22 обида, 12 реализирани седмерци и 24 асистенции и сето тоа за нешто повеќе од 2 часа игра.
Ова момче почна да игра во матичниот Скјерн, но веќе на 15 годишна возраст беше препознаено од ГОГ и регрутирано од овој клуб. По три години го доби првиот професионален договор, а истата година и прв пат настапи за Данска на У19 првенството во Тбилиси. Таму, иако физички слаб, покажа неверојатен потенцијал, движење и луцидност.
Наскоро стигна и повикот од првиот тим, но таму улогата му беше да ги загрева голманите пред на терен да истрчаат Микел Хансен, Томас Могенсен и другите. Овие двајца играчи, имаат сериозно влијание во натамошниот тек на кариерата на Матијас Гидсел.
Матијас Гидсел за да може физички да се носи во сениорска конкуренција во рамки на пет години си додаде околу 40 килограми, сега на висина од 190 има 92. А во 2021 стигна и повикот да игра на СП Египет.
Таму, беше фрлен во оган, а излезе како новопечена ѕвезда. МВП, ол стар играч и втор стрелец зад Микел Хансен.
По ова почнаа проблемите. 21 годишниот играч. Преголем товар за него беше новостекнатата слава, над 10.000 нови следбеници, зголемен пристиок, зголемени очекувања, прес, медиуми околу него...
„Најмногу сум разочаран што ми требаа два месеца за да прифатам дека имам проблем“, изјави Гидсел во една прилика.
Конечно, по препопрака на Могенсен и советите од Микел Хансен, Гидсел побарал професионална помош од психологот на данскиот тим.
„Се вратив! На сите млади спортисти им препорачувам да побараат професионална помош околу своите проблеми. Мене за многу кратко време ми се смени погледот.
„Претходно имав цели, за мојата игра, за мојата физичка подготвеност... сега го имам и менталниот дел и тоа е комплетно нова арена во која можам да се развивам“, изјави во мај за Јуланд Постен.
Брзината и креативноста се двете работи што се најсилни карактеристики на овој играч. Но, нема спорт во кој прво не треба да паднеш, за да можеш да станеш.
Гидсел тоа го почувствува на ОИ Токио. Во финалето со Франција, при водство на противникот од 24-23 во последниот напад презема одговорност. Се обиде со луцидно додавање, но Французите пресекоа, отидоа во контра напад погодија за 25-23 и тоа беше тоа - го освоија златото.
На прашањето на ТВ2 дали се чувствува виновен за поразот - одговори:
„Повеќе сум горд на тоа што преземав одговорност. Можев едноставно да му ја додадам топката на Микел и да си кажам - Еве ти решавај!
„Не треба да го оцрнуваме. Одигра одличен турнир, на крајот направи грешка. Но, претходно многу пати ни го спаси га..т“, изјави селекторот на Данска, Николај Јакобсен.
Гидсел блеска и на тековново првенство, а Данска е голем фаворит меѓу другото и благодарение на него. Веројатно ќе има шанса да им се реваншира на Французите за Токио, којзнае. Ова првенство е толку хаотично што неблагодарно е што било да се каже.
Следното, пак, за Матијас Гидсел е Бундес лигата. На лето заминува од ГОГ и веќе потпиша договор со Фуксе Берлин. Екипа која плати 240.000 евра отштета пред две години за тогаш непознатиот Јакоб Холм кој е соиграч на Гидсел во репрезентацијата и дуо што треба да ги замени Хансен и Лауге. Во Берлин игра и Ласе Андерсон уште еден дански супер-талент кој веќе има и посолидно искуство.