Пешевски: Европско без душа

Македонската репрезентација го заврши ЕП уште по првата фаза, десеткувана од Ковид и повреди, нашата репрезентација не успеа да извојува две победи потребни за втор круг. Среде првенство останавме без Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов, а по враќањето во Македонија во карантин заврши и Жарко Пешевски. 



Македонската репрезентација се врати назад, но последиците од првенството се уште ги чувствува репрезентативниот пикер Жарко Пешевски. Тој по враќањето, беше позитивен и сега ги одработува деновите задолжени за изолација. Пешевски генерално одигра добро првенство, особно на натпреварот со светскиот шампион Данска ги покажа сите свои квалитети. 

„ Се уште ми трае периодот на изолација“, вели пикерот на бундеслигашот Штутгарт. „ Немам симптоми, добро се чувствувам, но морам да ги отседам предвидените денови, вели за g-sport.mk, Жарко Пешевски. 

Европското првенство се уште е тема во Македонија, иако одамна влезе во друштво на СП Египет, ковид шампионати што нема да се паметат (по добро). 

„Ова е Европско без душа и 'мирис' на еуфорија, искрено. Подгазено, ставено во втор план на пандемијава која владее. Стресно и со вознемирувачка тишина додека чекаш резултати“, отворено раскажува корпулентиот пивот.




„Напоредно со тоа можам да кажам дека се спремавме многу добро. 100% професионално се спремавме за натпревар и додека бевме таму, Голем пех за нас беа беа отсуствата на Киро и Митревски против Словенија. На ден на натпревар против Црна Гора, го губиме Столе. А да не заборавиме дека тргнавме без Деки и Маркоски, кои се многу битни за нас. 
И тоа е тоа. Се случи тоа што се случи. 
Лично не разочарувам само ми е криво што ако и на нас ни беа споени коцките и малкуе не посакаше среќата ќе бевме се уште таму. Но што е тоа е. Не чекаат нови моменти,тешки и незгодни натпревари каде што мораме заедно, сплотени да се бориме за подобро утре“, вели Пешевски. 

Пешевски ја одработува според договор последната сезона во Штутгарт, но дали ќе биде последна во клубот е прашање што ќе се решава следниов период, откако ќе заврши ЕП и се врати во Германија. 

„На " stand by " е ставено се кога е Штутгарт во прашање. Си барам паралелно и друга опција надвор од Германија па набрзу ќе видиме што и како“, резимираше Пешевски..
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk