Жерар: Има 105 позитивни, каква е вредноста на ова ЕП?

Од 1 јануари до сега, меѓу репрезентативците и членовите на стручните штабови тестирани за ЕП 2022 има 105 позитивни случаи.



Ковид со распрскувачки ефект се прошири низ репрезентациите што учествуваат на ЕП 2022, а правилата кои предвидуваа 14 дена карантин, па потоа пет не придонесоа за ред на шампионатот. ЕП ќе се доигра така како што ќе се доигра, а во предност се екипите што подобро ќе се чуваат од вирусот во однос на тие што кога би биле здрави се би изгледало поинаку.

„Ние сме засега добро заштитени и не не има погодено силни вирусот, но до денеска има 105 позитивни случаи на Ковид и прашање е каква е вредноста на првенството што сега се игра? праша голманот на француската репрезентација Винсен Жерар. 

Франција имаше големи проблеми со Ковид, но тоа се случуваше во раната фаза на подготовките, па така ги доби назад играчите што имаа проблеми. 

Но, вчера, Французите добија лоша вест дека нивниот селектор Гијом Жил е позитивен. Ерик Мате, неговиот асистент ќе ја води екипата на следните два меча, а од Франција доаѓа и Јохан Делатре, тренер кој е врската меѓу У21 и А екипата на Франција. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk