Игор Сорока е трагичарот на Русија. Промаши пенал во последната секунда за нерешено на дуелот со европскиот првак Шпанија.
Русија одигра одличен натпревар против репрезентацијата на Шпанија, но на крајот запиша пораз 25-26. Шпанија ја запиша својата 17 победа по ред на Европските првенства.
Голманот Виктор Киреев го одбрани шутот на Анхел Фернандез во последната минута по што селекторот на Русија, Велимир Петковиќ веднаш побара тајм аут. Осум секунди останаа семафорот, по што поранешниот вардаров ракометар Данил Шишкарев успеа да изнуди седмерец за својот тим.
Топката ја зема Виктор Сорока, но неговиот шут од се одби во стативата и мечот заврши со победа на шпанскиот состав.