Познато име доаѓа на клупата во Автокоманда. Металург го потврди доаѓањето на новиот тренер.
Игор Котевски доаѓа или се враќа во „Автокоманда“, како сакате. Овој пат за прв пат како тренер на првиот тим. Досегашното искуство му беше во втората екипа.
Во меѓувреме смени неколку екипи и во Металург доаѓа од редовите на Јуниор Кисела Вода, екипа што има шанса да влезе во Супер лига следната сезона, администртивно, доколку се профати и помине предлогот за промена на системот на натпреварување и проширување на Супер лигата.
Металург преговара и со неколку ракометари, за кратко ќе дознаеме и кој би се преселил на теренот во „Автокоманда“.