Германија одлучи: Ќе го доигра ЕП!

Ќе биде интересно по завршувањето на последниот меч, да го чуеме завршниот говор. Околу успешноста на организациски план. 



Над 100 (103+) ракометари поврзани со Европското првенство се заразени со Ковид од 1 јануари досега. Последните дојдоа од исландскиот тим и тоа ни помалку ни повеќе туку Палмарсон, Елијасон и Гисли Кристијансон. Следеше и нивни пораз од Данска во главната рунда. 

Но, веста на денот не е ниту неверојатниот хаос во кој ЕХФ го вовлече ракометот, ниту 100-те позитивни, нити крајот на првенството за Палмарсон... 
Веста на денот е дека првенството ќе се доигра. 

Ракометната федерација на Германија објави соопштение во кое вели дека имале долга и сериозна дискусија со играчите, менаџментот и клубовите за тоа дали да се повлечат од ЕП 2022. 
Кога Германија го вели тоа, значи дека било многу сериозно и дека првата идеја било да се повлечат од шампионатот. А тогаш, најпаметно ќе беше да се откаже целото првенство и да се преигра во јуни на пример. 

Германците ги анализирале сите аскпекти, задравствен, финансиски, спонзорски итн. и како што велат по многу тшки и долги дискусии одлучиле да (до)играат. Одговоноста ќе ја поделат меѓусебе што и да се случи. 

Претходно Германија побара од ЕХФ мечот со Шпанија да се одложи, но ЕХФ не им излезе во пресрет. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk