Сите играат додека не ја сретнат Франција

Сите тие имаат план, додека не добијат бокс во фаца - Мајк Тајсон



ФРАНЦИЈА - ХОЛАНДИЈА   34-24  (15-12)

Сите тие имаат план, додека не добијат бокс во фаца е легендарната изјава на Мајк Тајсон, нешто по што ќе остане запаметен. Меѓу илјада други работи. 
Холандија играше најубав за око ракомет досега на ЕП, но во втората рунда, противниците се малку поинакви. А за нивна белја, првиот во втората рунда им беше Франција. Немаше што многу да покажува новопечениот портакалов тим, Франција доминираше и ја штиклираше холандската репрезентација како решен проблем. 

ЦРНА ГОРА - ХРВАТСКА   32-26 (15-9)

Црна Гора, ја искористи Ковид ситуацијата и лесно ја совлада селекцијата на Хрватска. Од наш агол колку да докаже дека првенството од морален аспект е нерегуларно. Хрватска не можеше да смета на многу играчи, исто како што и ние не можевме во моментот да сметаме на пример на двајца ракометари што се така небитни, како Кирил Лазаров и Столе Стоилов. 
Црна Гора, пак, комплетирана со Стефан Чавор, пак, а особено со уште една вонсериска партија на Небојша Симиќ, лесно ги среди Хрватите. 

РУСИЈА - ШВЕДСКА  23-29 (13-16)
Шведска почнува да покажува знаци на живот, односно воиграност, а прва жртва беше Русија. Лесно пројдоа во првиот круг Русите предводени од Велимир Петковиќ,  но дури сега почнува забавата. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk