ЕП ВЕСТИ: Норвешка одбила да лета со Русија, ЕХФ со закани за Полска



Репрезентацијата на Норвешка одбила да патува за Братислава во ист авион со репрезентацијата на Русија. Норвежаните место со авион, со автобус заминале на патувањето кое за волја на вистината и не е долго. 

Германецот Михаел Биглер поднесе оставка од позицијата тренер на репрезентацијата на Украина. Тоа се вкупно три репрезентации што останаа без селектори. Словенија и Литванија се во друштвото со репрезентацијата на Украина,. 

На денот на одигрување на натпреварот меѓу Полска и Германија, до полскиот тим стигнал ултиматум од ЕХФ. Или ќе одат на вонреднот тестирање за Ковид или мечот со Германија нема да игра, а тие службено ќе загубат. Наредбата стигнала утрото, тренингот бил откажан. Резултатите ги чекале три часа. И сите биле негативни. 

Шпанија има низа од 15 победи на Европските првентва и сега е најуспешната нација во оваа статистичка категорија, ја мина легенарната шведска генерација што доминираше до 2002 година. 

Како изгледа репрезентацијата на Германија против Ковид

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk