Вардар и Е. Пелистер ги добија групите за СЕХА

Меѓународното натпреварување го состави пласнот за натпреварување за претстојната сезона. Вардар и Е. Пелистер ги дознаа групите во кои ќе се натпреваруваат годинава. 



Веспрем и Мешков Брест ќе играат директно во 1/4 финалето на СЕХА Лигата. Еурофарм Пелистер ќе игра во групата „А“ заедно со Загре, Прешов и Партизан, додка Вардар ќе биде во група со Мотор, Нексе и Војводина. 

СЕХА нема да го менува начинот на играње и сезонава. Во Ковид услови слично како и лани одлучено унгарскиот шампион и екипата на Мешков Брест да играат директно во 1/4 финалето. 

Другите осум екипи ќе одиграат шест натпревари од групната фаза, по што следуваат елиминациите. Првите две екипи од групата се квалификуваат директно за 1/8 финалето, додека екипите што ќе завршат на трето и четврто место ќе вкрстат меѓусебе во Плеј оф по принципот А4-Б5. 
Веспрем (А1) и Мешков (Б1) ќе играат во 1/4 финалето против Б3, односно А3, додека победниците на групите (А2 и Б2) ќе вкрстат со победниците од Плеј оф натпреварувањето. 

Датумите на одигрувањето на овие натпревари ќе бидат познати наскоро. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk