Табоада си оди од Е. Пелистер

Кубанскиот ракометар Рение Табоада си заминува од Е. Пелистер на крајот на годината и кариерата ќе ја продолжи во екипата на Фредериција од Данска. 
Табоада е еден од играчите што остави позитивен впечаток, особено во вториот дел од полусезоната кога подобро се адаптираше и почна да добива поголема шанса. Битолчани сакаа да го задржат, но тој покрај професионалните има и лични причини поради кои сака да замине во ЕУ, па трансферот ќе биде релизиран. Информацијата трансферот ја потврди и Фредериција. 



Тоа што не е потврдено, а чекаме да се случи и поприлично голем ремонт во битолскиот тим. Табоада е првото најавено заминување, веќе пишувавме, четворица други ракометари се пред трансфер во Татабања. 
Тоа се Мартон Секели, голманот за кого со сигурност можеме да кажеме дека оди во оваа унгарска екипа, со оглед на тоа дека таму се прави нов проект со нов спонзор, нова сала, нов тренер, а репрезентативниот голман, патем е и зет на претседателот на клубот. 
За следните тројца очекуваме, но не можеме да тврдиме со голема сигурност дека ќе заминат за Татабања. Тоа се Јосип Периќ, Немања Обрадовиќ и Матео Мараш. Хрватот, патем има и активен договор, но и клаузула со која може да се раскине за одредена сума. 

На крајот би завршиле со тоа што сме доста сигурни дека Стипе Мандалиниќ ја игра својата последна сезона во Битола. Дали е само тој во прашање или и тренерот Бабиќ е во иста таква комбинација, ќе почекаме да видиме во кој правец ќе се развива ситуацијата. 
Но, сигурно е дека во Битола ќе има многу ракометни новости. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk