Љубомир Врањеш веќе не е селектор на Словенија. Одлуката е донесена, но ќе биде официјализирана на крајот на неделата.
Со играчкиот кадар што ги иа Словенија и резултатите што ги остварува, отказ за Љубомир Врањеш е единствената реална солуција, освен ако немаат „самоубиствени“ намери.
Да бидеме искрени, Врањеш и го гледавме како една од најслабите алки во Словенија и шанса за изненадување. И не бевме далеку од тој момент, но шансата што не ја искористивме ние, ја искористија Црногорците.
Врањеш е веќе сменет велат нашите колеги од Словенија. Само што одлулката не е официјална. Ќе биде до крајот на неделава.
Негов наследник се верува дека ќе биде тренерот што играше и учеше од Талант Душебаев и кој беше желба и на Варар во барем два наврати - Урош Зорман.
Ќе видиме дали ќе биде тој и ако биде како ќе ја препороди репрезентацијата која има барем две постави кадарни да е пласираат на ЕП.