Селекторот Кирил Лазаров имаше пех да се поведи пред првиот дуел и го пропушти Европкото првенство. Денеска ја заокружи првата голема тренерска епизода.
ДАНСКА Е МАШИНА
Сакам да се подготвувам за натпревари со голедми противници и да се надмудрувам со нив. Колку и д се трудев, ова беше невозможна мисија. Иако во еден период од мечот се носевме со состав полн со неафирмирани играчи. Поинаку изгледаат играчите кога играат за клуб, а кога играат со екипа како Данска. Ќе анализираме, ќе ја расчистуваме сликата за тоа кој играч може кој не може.
Данска е машина, а ние имавме и уште еден пех, се повреди Кузмановски. Многу ни значи ова ЕП, видовме денеска какви противници сме имале. Видовме дека и Црна Гора не била слаб противник.
ЛАЗАРОВ ЌЕ ИГРА ВО БАРАЖИТЕ
Моето присуство значи на терен, жал ми е што не можев на ова ЕП. За баражот сигурно ќе бидам во составот. Сега сум на ред јас, да аналзирам, да одберам 20-тина ракометари што ќе го понесат товарот на следните натпревари.
ФАСЦИНИРАН ОД ПУБЛИКАТА
Наше богатство е оваа публика, не е филм, навистина е богатство толку години да издвојуваат средства и да доаѓаат на натпревари. Ние ќе одиме напред, ќе се бориме, ќе бидеме присутни на големите натпреварувања, ќе се обидеме да направиме и компетитивен тим за подобри резултати“, изјави Лазаров.