Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, добија второ делегирање за Европското првенство. Утре во Братислава ќе го судат мечот Германија - Полска.
Дуелот меѓу Германија и Полска е дерби на групата. Двата тима се непоразени, па утре ќе играат за пренесување на бодови во следната рунда.
И двата тима имаат многу проблеми со позитивни играчи, што ја прави оваа средба дополнително неизвесна и ќе биде покомплицирана за судење.