Македонија без шанса против светскиот првак



МАКЕДОНИЈА - ДАНСКА 21-31 (11-15)
Митревски 1, Томовски (одб), Велковски 1, Симоноски, Ѓоргиев, Талески 3, Миркуловски, Ф: Кузмановски 1, Ц. Кузманоски 2, Костески 1, Георгиевски, Крстевски, Пешевски 6, Митев 1, Серафимов 1, Мишевски 3





Македонија е поразена и од Данска во последното коло од Европското првенство, како што се очекуваше и вечерва се враќа дома без освоен бод, па ќе почека за гол разлика во другите групи, за да видиме конечно на кое место ќе заврши. 

Македoнскиот тим одлично го отвори натпреварот. Данска не постигна гол во првите девет минути, а за тоа време Македонија поведе со 4-0.
Но, влегоа во ритам Данците, а Македонија имаше пех плус во 12 минута кога се повреди Филип Кузмановски. Следеа промашени шутеви, а Данска преку Никлас Киркелоке кој постигна четири од првите пет гола за Данска, успеа да израмни и да поведе. 



Средбата потоа продолжи во израмнет ритам со тоа што Данците го контролираа резултатот. Во 21 минута беше 10-9, Митревски одбрани седмерец, но не успеавме да израмните и две минути подоцна противникот поведе со два гола разлика (11-9).
Митревски успеа да се запише и во листата на стрелци, а Македонија остана блиску до Данска до крајот на полувремето. Светскиот првак водеше 13-11 на две минути до крајот на полувремето, но попушти за момент фокусот и на одмор се замина со разлика од четири гола (15-11). 

Во првите девет минути од второто полувреме се играше израмнето, а потоа Данска поведе со 21-14, пред Македонија да намали на 15-21. 
Жарко Пешевски играше одличен меч и им задаваше многу мака на Данците, но водството на противникот, како и да е продолжи да расте. 
Во 52 минута, Данска за прв пат поведе со 10 гола разлика (27-17), а потоа работите не станаа подобри. На крајот резултат што реално и беше да се очекува во моменталната ситуација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk