Црна Гора - Словенија 33-32 (16-19)
Црна Гора и Данска одат во вториот круг на натпревари на Европското првенство. Македонија и Словенија се враќаат дома.
Црна Гора, репрезентацијата поради која по македонските репрезентативци се фрла со дрва и камења откако не ја победија во второто коло - ќе игра во главна рунда.
Црна Гора предводена од Милош Вујовиќ и особено голманот Небојша Симиќ денеска ја победи Словенија и ги испрати дома и словенечките ракометари предводени од скапиот и познат странски селектор - Љубомир Врањеш.
Небојша Симиќ правеше чуда на голот во последните минути, исто како и на дуелот со Македонија и им овозможи на своите соиграчи и покрај трите големи грешки во финишот да победат.
Имено во последните 1,5 минута, на Црна Гора двапати и беше одземена топка во напад поради пасивна игра, а еднаш во момент кога Ангелиќ и Вујовиќ имаа два на еден ситуација беше прекинат нападот поради тајм аут. Сето тоа на еден гол разлика, но Симиќ беше тука да поправи се. Ги одбрани последните три пенали против Црна Гора, покрај тоа и „фати“ понекој шут и ја одведе Црна Гора во втората рунда.