Позитивни се Мандиќ, Муса, Шишкарев...



Ковид продолжува да прави хаос на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Во меѓувреме, ЕХФ убаво се вклопи во зголемување на обемот на хаосот, па уште еднаш ги промени правилата.



Беа 14 дена, па потоа ЕХФ ги намали на пет дена изолација за позитивните играчи на ЕП. Денеска одново ги смени правилата, па сега ќе бидат потребни осум дена изолација, со тоа што треба да се приложат два негативни ПЦР тест, на седмиот и осмиот ден од денот на зараза. 

Хрватска има големи проблеми. Жељко Муса и Давид Мандиќ се позитивни и нема да можат да играат на следните натпревари. 

Ковид се појави и во Русија, а еден од двајцата позитивни е поранешниот ракометар на Вардар, Данил Шишкарев. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk