Миркуловски: Ќе играм и на баражите!



Македонската репрезентација во следните репрезентативни акции ќе се бори за пласман на Светското првенство што во 2023 година ќе се игра во Полска и Шведска.



Македонија ќе има нешто покомплициран пат кон Светското првенство од досега. Минатите квалификациите требаше да ги играме против Франција, но имаше сплет на околности режиран од Ковид по што тие квалификации се откажаа, а Македонија во последен момент се пласираше на мундијалот како замена за Чешка. 

Сега ќе играме два квалификациски баражи, многу битни. Првиот со екипи што се послабо рангирани од нас, иако и таму има незгодни противници како Швајцарија на пример, а вториот со екипи што се подобро рангирани од нас, од екипите што на ЕП Унгарија ќе бидат меѓу 15. 

Македонија на ова ЕП игра без неколку стандарни играчи, а Филип Миркуловски, повратник во тимот е еден од поискусните ракометари што потсетува на стариот шарм на репрезентацијата. Тој е овде да помогне, игра со помала минутажа, но неговото присуство и на клупата, а особено на теренот се од големо значење за македонскиот тим.
Сигурни сме дека информација што ќе ја израдува македонската јавност е дека Македонија ќе може да смета на него и на следните бараж натпревари. 

„Најверојатно ќе играм и на баражите, да ме послужи само здравјето“, изјави Филип Миркуловски изјави за g-sport.mk. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk