Ласе Свон: Штета за Лазаров и за Македонија



Македонија и Данска, вечерва со натпреварот од 20:30 часот ќе ја затворат „Феникс Арена“ во Дебрецен. Дуел што има морално значење, но резултатски нема да игра улога на табелата. 



Селекторот на Данска, Николај Јакобсен во пресрет на вечерашниот дуел со Македонија изјави дека би сакал да заштеди сили, ќе има промени во составот, имаме доволно квалитетен тим за да не отиде резултатот во непосакуван правец“, изјави Јакобсен. 

Јаник Грин голманот на Магдебург е новиот член на тимот, а во игра нема да биде Матијас Гидсел, данскиот суперталент. 
Но, дали Данска ќе игра со Хансен-Лауге-Менса или со Јакоб Холм, Ласе Андерсон и Арон Менсинг генерално нема да ни направи голема разлика. Дури помладите, побрзи и желни за докажување се и можеби поопасната варијанта. 

Во најавата за мечот, искусното 38 годишно крило Ласе Свон Хансен поголемо внимание обрати на македонскиот тим и нашиот селектор. 

„Жал ми е за Лазаров. Сигурно е многу фрустрирачки за него што нема да може да игра. Тоа е ракометар што има долга и блескава кариера и ќе беше многу „кул“ да можеше да ја заврши како што треба. Го сфаќам и ја има целата моја поддршка. 
Сигурно ќе го подигнеше нивото на тимот и покрај возраста. Тој е искусен господин што знае се за ракометната игра. Навистина, штета и за него и за Македонија“, изјави крилото на Флензбург кој исто така го игра својот последен шампионат. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk