Србија со Ненадиќ ќе ја напаѓа Франција


Србија нема да може да смета на Петар Ѓорѓиќ за денешниот меч со Франција, но добива уште подобар играч во својот тим. 



Ќе и приредат ли „дежа ви“ Французите на хрватаските репрезентативци? Не толку одамна, во квалификациите за Олимписките игри во Токио, Франција беше поразена од Португалија на меч што резултатски не смееше да го загуби со голема разлика, но тенок пораз значеше пласман на Португалците на ОИ, а Хрватите останаа со празни раце.

Сега е иста ситуацијата. Франција може да си дозволи пораз до минус два гола од Србија и да се пласира во вториот круг, но таков пораз за Хрватска ќе значи елиминација, а за Србија  - втор круг. 

Србија во пресрет на овој натпревар нема да може да смета на Петар Ѓорѓиќ, но затоа во тимот се приклучува најдобриот играч на Веспрем, Петар Ненадиќ. Тој беше повреден и аут од ЕП, но успеа да заздрави навреме и вечерва ќе истрча на теренот во Сегед. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk