Македонија пред два баража и четврти шешир за ЕП



Македонија ќе заврши на последното место во групата без оглед на резултатот од натпреварот со репрезентацијата на Данска, меч што ќе се игра вечерва во Феникс Арена во Дебрецен. 



Последното место во групата ќе направи проблеми за македонската репрезентација во иднина кога ќе бидат квалификациите за Светското првенство во Полска и Шведска 2023 и Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка во 2024 година. 

Македонија за СП 2023 ќе треба да игра два бараж натпревари. Првиот ќе се игра во периодот 14/20 март. Квалификациите се завршени, а можните противници на Македонија се следниве репрезентации. 
Швајцарија, Грција, Финска, Естонија, Романија, Белгија, Израел, Италија и Фарски Острови. 

По ова следи вториот бараж што е на програмата 11/17 април. Таму, екипите што ќе се пласираат до 15 место, а нема да обезбедат директен пласман (Шведска, Полска, три најдобро пласирани) ќе играат против победниците од првиот бараж. 

Патот можеби ќе се искомплицира и за следните квалификации, за Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка 2024. 
Прво треба да видиме на кое место ќе завршиме на ЕП. 
Ќе има четири шешири со по осум екипи. Финалистите на ЕП и трите домаќини директно обезбедуваат пласман на следното ЕП. Логиката вели дека ако некој од домаќините игра во финале, тогаш би имало поместување кон третиот... 
Но, логиката е едно, а ЕХФ е нешто сосема друго.
Македонија досега беше во вториот шешир во ждрепката, но сега ќе чекаме до последен момент за да пресметаме дали ќе биде така. Можно е да бидеме во третиот и да добиеме еден потежок противник.

Ако се пласираме на ЕП, тогаш за извлекувањето за групите ќе бидеме во четвртиот шешир. Македонија во 2020 на ЕП во Виена беше третопласирана во групата, а беше на последното место во третиот шешир. Имајќи го ова предвид, за следните квалификации ќе биде една од репрезентациите што ќе бидат во шеширот број четири. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk