Секели го „спаси“ првенството



Голманот на Еурофарм Пелистер влезе во второто полувреме и собра 10 одбрани на дуелот со Португалија. Меѓу нив и зицер на три минути до крајот при нерешен резултат. Јунак на мечот, се сепак, Доминик Мате кој погоди за победа на три секунди до крајот. 



Домаќинот Унгарија беше на раб на елиминација уште во првата фаза на ЕХФ Еуро. По поразот од Холандија во првото коло, играа уште еден неубедлив меч со ослабената Португалија. Ако загубеа, па и со нерешен резултат ќе беа практично елиминирани, а со тоа и првенството кое на ЕП личи само заради фалангата во Дебрецен, српско-хрватските фанови во Сегед и полната арена во Будимпешта е спасено. 
Ако испаднеше Унгарија којзнае на што ќе личеше продолжението. 

Мартон Секели, голманот на Еурофарм Пелистер имаше клучна улога во победата од 31-30 над Португалија која веќе е елиминирана. Собра 10 интервенции за едно полувреме вклучително со зицер на три минути пред крајот при резултат 28-28.
Јунак на Унгарците, сепак, е Доминик Мате кој подоги за 31-30 на три секунди до крајот. 

ЕХФ (Еуро) може да здивне, но не е се готово. Доколку Холандија ја совлада веќе елиминираната Португалија, а Исланд ја совлада Унгарија (и вечерва Холандија), тогаш домаќинот сеедно ќе биде елиминиран благодарение на „генијалниот“ систем да се играат шест групи со по четири тима. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk