ВЕСТИ ОД ЕП: Хрватска добива засилување, но Дувњак е „аут“



Светскиот супер-талент број 1, Матијас Гидсел од Данска на дуелот со Словенија заработи удар во абдоменалниот дел и денеска не тренираше. Можно е утре да не настапи на дуелот со Македонија. 



Никола Митревски ќе добие соиграч од финалистот на ЛШ, Алборг. Левиот бек Николај Лесо заминува од Алборг и се сели во Порто. Микел Хансен доаѓа во Алборг и за актуелниот репрезентативец веќе немаше место во тимот. 

Хрватската ѕвезда Домагој Дувњак се врати во Кил. Неговите проблеми со грбот ќе се решаваат на клиниките во Германија. 

Јаков Гојун се враќа во репрезентацијата на Хрватска по пауза од три години. Повик добија и Томислав Северец (лев бек) и Доминик Кузмановиќ (голман). Матеј Мандиќ и  Звонимир Срна се позитивни и надвор од натпреварувањето.

Германскиот репрезентативец Јулиус Кун е позитивен на Ковид 19. Неговото место во тимот го зазема Лукас Цербе, внук на легендарниот германски играч Фолкер Цербе. 

Јуре Доленец играше повреден против Македонија, а против Данска воопшто не беше во составот. Прашање  дали ќе игра и против Црна Гора на утрешниот меч.

Левиот бек на Австрија, Лукас Хутечек го заврши настапот на ЕП по само еден меч. Тој се повреди на дуелот со Полска и ќе мора да мирува месец и пол. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk