5.000 евра казна за плукачот Ласица



Не е лама туку ласица, Марко Ласица, но плука како лама, а игра за репрезентацијата на Црна Гора. Денеска мина само со парична казна. 



Црногорскиот ракометар Марко Ласица имаше конфлик со македонските ракометари по мечот од второто коло на Европското првенство во Унгарија. 
Во еден момент, Црнгорецот плукна во навивачите на Македонија, што предизвика уште поголеми реакции и мораа неговите соиграчи да ја смируваат ситуацијата. 

Денеска Црногорецот се извини на македонската јавност за недостојното однесување, а од ЕХФ мина само со парична казна која изнесува 5.000 евра. Како и да е, се спаси од суспензија која за плукање и тоа во Ковид време очкувавме дека ќе ја добие. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk