Како од ЕП се стигнува до СП?



Европската ракометна федерација ја објави процедуарата по која екипите од тековното Европско првенство ќе се пласираат на следното Светско првенство што во јануари 2023 ќе се игра во Шведска и во Полска. 



На Европа на следниот мундијал и припаѓаат 12 места. Овде не ги сметаме репрезентациите на Данска која е светски првак и организаторите Полска и Шведска. 
Трите најдобропласирани екипи на тековното првенство што не се викаат Данска, Шведска или Полска ќе добијат директно место на СП. 

За другите девет места ќе се играат квалификации, во две фази. 

Во првата фаза ќе играат репрезентациите од 16 до 24 место на ЕП, против осум репрезентации што во моментов играат квалификации плус Швајцарија. Во квалификациите играат Романија, Финска, Израел... 

Победниците од овие дуели влегуваат во втората фаза од квалификациите во која ќе играат против девет репрезентации од Европското првенство што се пласирани од 1-15 место. Сметаме дека во првите 15 ќе бидат и трите екипи што веќе имаат директен пласман. 

Тоа значи дека за пласман во првиот шешир во ждрепката за квалификациите за СП, на Македонија и е неопходно да биде меѓу првите 15. 
Тоа, пак значи дека мора да биде најмалку трето место во групата. Но и тоа не е доволна гаранција, туку мора да има и најмалку два бода и гол разлика подобра од уште три третопласирани. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk