Важно за навивачите во Дебрецен!




Најмалку 500 македонски навивачи се присутни во Дебрецин и им даваат поддршка на ракометарите, но пред дуелот со Словенија дојде до несакана случка пред салата, кога над сто членови на „фалангата“ не влегоа навреме во „Феникс Арена“.



Хаосот настана поради компликуваната процедура за влез во салата, па дел од фановите дури на полувреме влегоа на трибини, а дел од оние кои беа со помали деца се откажаа на студот и се вратија назад во своите домови.

Апел е денеска македонските фанови порано да се упатат кон салата, за да не дојде до слични несакани случувања.
За тие кои беа на трибините и на првиот меч, алките кои им беа дадени како своевидна „ковид-потврда за присуство во сала“ треба да се носат и ќе бидат валидни и за вториот натпревар, па фановите кои ќе ги имаат на рака ќе влезат само со покажување на билет, без повторно минување низ целокупната процедура пред „Феникс Арена“.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk