Прва задача за Начевски и Николов



Денеска се игра второто коло од прелиминарниот дел на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Попладнево од 18:00 часот ќе играат Македонија и Црна Гора, а денеска прв пат на терен ќе бидат и македонските судии Ѓоржи Начевски и Славе Николов.




Македонската судиск двојка ќе ја дели правдата на интересен натпревар. Домашната Словачка и репрезентацијата на Литванија ќе ги одмеруваат силите во обидот да стигнат до својата прва победа. 




Да ве потсетиме и дека нашата судиска двојка е номинирана за најдобар судиски пат на порталот Planet Handball и можете да гласате за нив преку следниов ЛИНК:  Гласај за најдобри судии

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk