На мундијалот во Катар, репрезентативците на Конго предводени од Готје Мвумби, пред дуелот со Данска поставија јасна цел и предизвик. Да се симне стегачот од главата на Микел Хансен. За првиот следуваше награда.
Но, останаа со празни раце, Микел Хансен остана на клупа цел натепревар и не влезе во игра.
Нема никаде објавено дека таков предизвик си потавиле и Црногорците, би било потценувачки од кој агол и да гледате, но Милош Вујовиќ може да ја бара наградата од Конго.
Погледнете како мајсторски го симна стегачот од главата на Хансен и сами проценете дали токму тоа му беше намерата или случајно имаме ваков епилог.