Пешевски: Да победиме за нашите навивачи



Македонија одигра добар натпревар во првото коло, подобар отколку што се очекуваше, но на крајот не успеа да освои бодови и да стигне на чекор до втората рунда. 
Сега се бориме за место меѓу првите 15, а на патот ќе ни застане репрезентацијата на Црна Гора. 
Пикеерот на нашиот тим Жарко Пешевски даде мал осврт за првиот и го најави вториот меч на Македонија на ова ЕП. 




Искрено сум разочаран, имаме за што да жалиме по овој натпревар, на кој покажавме квалитет, но помалото искуство се покажа решавачко. Одигравме квалитетно, на високо ниво, се боревме за секоја топка, но грешките што ги правевме во клучните моменти беа клучни за конечниот исход.
Едно е сигурно, после овој пораз нема да се предадеме, напротив, видовме дека можеме да играме со квалитетни репрезентации. Сакаме да забележиме најмалку една победа, за нас и за овие верни навивачи кои ни дадоа огромна поддршка“, изјави Пешевски.

„Црна Гора не е наивен противник, но наша желба е да стигнеме до триумф. Клучно ќе биде да го намалиме бројот на грешки и на загубени топки, ако одиграме како против Словенија, а ги намалиме тие грешки, верувам дека ќе се радуваме на победата“, оптимистички е расположен пивотот на македонската репрезентација.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk