Стоилов: Се навикнуваме без Кире



На прес конференцијата по мечот со Словенија, од македонскиот тим говореа селекторот Кирил Лазаров и Столе Стоилов. 





Честитки до Словенија за победа и добрата игра. Не одиграа најдобро, но ние ги натеравме да играат така бидејќи се подготвивме за нив. Немавме искуство, во некои ситуации требаше со малку повеќе чувство, немавме и среќа за да победиме или да освоиме бод. Се надевам дека вака ќе играме и на следните средби, но со помалку грешки“, изјави Стоилов.
Околу повредата на Лазаров, Стоилов вели дека се привикнувале на игра без него.

„Не беше страшно. Киро не ги играше пријателските, се навикнавме без него, видоа играчите дека можат без него, не не изнендија, некои грешки од неискуство, избрзавме во некои моменти. Видовме дека можеме, тоа е најважното. Има промена на генерации, но репрезентацијата оди во вистински правец.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk