Талески: Бевме спремни за секоја нивна акција, но...



Македонската репрезентација одигра добар, борбен натпревар против фаворизираната Словенија и покажа дека и во ваков состав може дас е носи со светски познати репрезентации и играчи што играат за нив. 




Македонскиот тим делуваше зрело, спремно за ваква средба што со оглед на отсуството на неколку играчи вклучително на Лазаров е над очекувањата. 

Воопшто со ништо не не изнанедија, напротив, бевме толку спремни, особено во одбрана, што за секоја нивна акција, како што почнуваше така знаевме што ќе играат. Одбраната ни беше на високо ниво, но во нападот направивме грешки што не смеевме да ги направиме и тука го загубивме натпреварот. 
Отворивме добро, со 4-1, но потоа ни направија серија од 6-0. Тоа е осцилација што веќе не смееме да ја дозволиме. 
Очекувавме ваков натпревар, тежок неизвесен, дадовме максимум, но ете, грешките не однесоа во друг правец. Одиме понатаму, главата горе, не чекаат уште важни натпревари. Ако се пружи и некоја шанса да се пласираме во вториот круг ќе бидеме спремни да ја искористиме“, изјави Филип Талески. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk